Capital Bank | Financial Inovation
Станбен кредит

НАМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ

  • Купување на станбен и деловен простор, реновирање и изградба; 

 

НАДОМЕСТОЦИ

  •  200 МКД административен надомест за користење на податоци од Македонско Кредитно Биро (МКБ)
  •  800 МКД еднократен трошок за аплицирање за станбен кредит

 

Номинална каматна стапка:

  • 2,95% фиксна за првите 5 години, променлива за следните години 5,95% (6М ЕУРИБОР+2,02%) за девизни кредити
  • 6,50% фиксна за првата година, променлива за следните години 6,50% (НРКС+4,94%)за денарски кредити;

 

Висина на кредит: во зависност од обезбедувањето, односно 70% од проценетата вредност на колатералот;

Грејс период: 3-12 месеци по барање на клиентот;

Рок на отплата: до 30 год/360 месеци;

Учество: минимум 10% 

Провизија за обработка на барање: 1% еднократно при одобрување;

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 528 или e-mail: info@capitalbank.com.mk

Таргет група: Резиденти на РСМ, во редовен работен однос

 

Општи услови за аплицирање:

  • Максимална возраст на клиентот од 73 години на денот на достасување на кредитот;
  • Клиентот да биде класифициран во категорија на ризик А во Банката и категории на ризик А и Б на ниво на банкарскиот систем;
  • Историја на редовен кредитокорисник;
  • Максимална задолженост 55% (коефициент ДСТИ) од нето - приход за вработени во ЈП, фирми финансирани од буџет и АД, односно максимална задолженост 50% (коефициент ДСТИ) од нето - приход за сите останати баратели

Отплаќање: месечна отплата со еднакви ануитети;

 

Начин на отплата: уплата на благајна, административна забрана на плата или траен налог за приматели на плата во Капитал Банка;

 

Надомест за предвремена целосна отплата на станбени кредити согласно Тарифник за надоместоци.

Обезбедување:

 

Прифатливо обезбедување по извршена кредитна анализа на Банката:

  • хипотека на недвижен имот; при што одобрениот износ на кредитот треба да е 70% од проценета вредност на колатералот.
  • договор за гаранција.

*Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување.

Документи:

 

  • Копија од личните карти на кредитобарателот и гарантот/ите;
  • Административна забрана на плата или траен налог за приматели на плата во Капитал Банка (вработени во правни лица кои не заверуваат административни забрани);
  • Заверени податоци од плата од кредитобарателот или гарантот (доколку има);
  • За вработени во приватни фирми Декларација за прием и за платени придонеси во последните три месеци (состојба од сметка);
  • Проценка од овластен проценител;
  • Имотен лист;
  • Полиса со винкулација во корист на Банката.

Процедура:

 

  • Комплетно и уредно пополнети формулари-апликација/барање за кредити сите останати документи посочени од кредитниот референт;
  • Во случај на одобрубвање се склучува Договор за кредит, така што клиентот ја пополнува целокупната преостаната документација;
  • Обработка на апликацијата за 2 работни денови.

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 558; 3102 528 или e-mail: info@capitalbank.com.mk


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510