Capital Bank | Financial Inovation

Платежна сметка со основни функции

 

Согласно Законот за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила на 1 јануари 2023 година се воведе платежната сметка со основни функции. Платежната сметка со основни функции е платeжна сметка во денари којашто на граѓаните им овозможува слични функционалности како и „обичната“ платежна сметка, со тоа што на платежната сметка со основни функции не е дозволено пречекорување, односно навлегување во т.н. „минусно салдо“.  Граѓанинот може да отвори платежна сметка со основни функции или да побара трансформирање на „обичната“ платежна сметка во платежна сметка со основни функции, доколку нема отворено друга платежна сметка во денари кај истата или кај друга банка во земјата.

 

Повеќе информации за платежната сметка со основни функции ќе најдете на врската: Леток за платежна сметка за основни функции.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510