Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата референт во Служба за методологија и извештаи
Локација Дирекција
- Изработка на анализи и извештаи за кредитната способност на клиенти (правни и физички лица), по доставени барања за одобрување на кредитни изложености (Risk opinion),
- Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската регулатива на НБРМ,
- Оценка (мерење), следење и известување (регулаторно и интерно) за нивото на кредитниот, ликвидносниот, пазарниот и оперативниот ризик,
- Учество во изработка и давање препораки за развој на интерни методологии, модели и процедури во областа на оценка, следење и управување со ризиците,
- Учество во активностите поврзани со проценка и мерење на адекватноста на капиталот во склад со важечката регулатива (CAR, ICAAP, Stress testing),
- Учество во дефинирање, контрола и ревидирање на интерните лимити на изложеност по одделни видови ризици,
- Активно учество во развој на процедури и политики на Банката во областа на управување со ризиците,
- Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор.
Работно искуство: Минимум 2 години
Образование: Минимум ВСС
- Дополнителни квалификации: Активно познавање на Англиски Јазик и напредно познавање на Office пакет
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.