Capital Bank | Financial Inovation

СУПЕР потрошувачки кредит во износ до 900.000 МКД 

По повод Интернационалниот ден на жената 8ми март, Капитал Банка АД Скопје на сите нови корисници на кредит промотивно им нуди можност да аплицираат за потрошувачки кредит со намалена каматна стапка за 8% од актуелната.

 

Промоцијата важи до 31.03.2019.

 

Аплицирајте на 02/3102 510, 076/ 458 673 или на тука

Ве очекуваме!

 

Таргет група

  • Резиденти на РМ, во редовен работен однос вработени во:

          - институции финансирани од Буџет на РМ;
          - синдикати и фирми со кои банката има оставрено соработка.

 

Намена

  • Ненаменски потрошувачки кредит

 

Општи услови за аплицирање

  • Максимална возраст на клиентот од 67 години на денот на достасување на кредитот;
  • Клиентот да биде класифициран во категорија на ризик А во Банката и категории на ризик А и Б на ниво на банкарскиот систем;
  • Историја на редовен кредитокорисник;
  • Ануитетот да не надминува ½ од платата.

Висина на кредит во МКД: До 900.000;

 

Рок  на отплата: До 95 месеци;

 

Номинална каматна стапка: Фиксна за првата година 5,31%*, променлива за остатокот од периодот што во моментов изнесува  7,77% (6М СКИБОР + 6,01%);

*Промотивна каматна стапка до 31.03.2019

 

Грејс период:* До 10 месеци;

*Грејс период е предвиден само во случај на рефинасирање на кредит во друга банка;

 

Провизија за одобрување: 1,77%, мин. 750 МКД;

 

Користење на средствата: Одобрениот износ се префрла на сметката на кредитокорисникот во Капитал Банка АД Скопје;

 

Отплаќање: Месечна отплата со еднакви ануитети. Доколку се користи грејс период, во текот на грејс периодот месечната обврска се состои од камата, а потоа месечна отплата со еднакви ануитети.;

 

Начин на отплата: Уплата на благајна, административна забрана на плата или траен налог за приматели на плата на сметка во Капитал Банка.  

 

Можност за предвремено враќање: Да

 

Провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредит: 1% од износот на предвреме отплатениот кредит, доколку периодот помеѓу предвремената отплата и  рокот на траење на договорот  за кредит е подолг од една година, односно 0.50% од износот на предвреме отплатениот кредит, доколку  периодот помеѓу предвремената отплата и  рокот на траење на договорот  за кредит не е подолг од една година, максимум 5.000 МКД и 0% доколку се отплаќа преку Капитал Банка.

 

СВТ: 7,91%-Пресметката е направена за износ од 900.000 МКД, каматна стапка 5,31% фиксна за првата година, потоа променлива што во моментов изнесува 7,77%, рок 95 месеци и еднократна провизија 1,77% од износот.

Обезбедување

 

Прифатливо обезбедување по извршена кредитна анализа на Банката:

  • меница и менична изјава;
  • меница во форма на нотарски акт со својство на извршност;
  • гарант;
  • солемнизација на договорот за кредит со извршна клаузула.

*Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување.

 

Документи

 

  • Копија од лична карта на кредитобарателот и гарантот (доколку има);
  • Заверени податоци за плата за кредитобарателот или гарантот (доколку има);
  • Административна забрана на плата или траен налог за правни лица кои не заверуваат административни забрани на плата (задолжително е клиентот да прима плата на сметка во Капитал Банка);
  • Заверена потврда за членство во Синдикатот со кој Банката има соработка.

 

Процедура:

 

  • Комплетно и уредно пополнети формулари - апликација/барање за кредит;
  • Сите останати документи посочени од кредитниот референт;
  • Во случај на одобрување се склучува Договор за кредит, така што кредитобарателот ја потпишува потребната документација;
  • Обработка на апликација во зависност од комплетирање на целокупната потребна документација.

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 568;3102 563 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510