Capital Bank | Financial Inovation

Брз онлајн кредит со административна забрана

Кредитот е ненаменски и со одобрувањето се става на располагање на трансакциска сметка на корисникот во банката.

 

Предности на производот:

  • 0,00%- Каматна стапка;
  • Одобрување за 30 минути.
  • Без услов за префрлање на плата/пензија
  • Резидент на РСМ;
  • Редовен работен однос или примател на пензија
  • Кредитоспособност утврдена преку анализа на Банката;
  • Историја на редовен кредитокорисник во последните 12 месеци (кои имаат уредна кредитна историја и се класифицирани по основ сите побарувања само во А ризична категорија на ризик.);
  • Минимален месечен приход 12.000 МКД;
  • Ратата да не надминува 1/3 од плата (максимум ½);
  • Максимална возраст на клиентот од 67 години за редовно вработени и 73 години за пензионери на денот на достасување на кредитот.

Износ: До 60.000 мкд;

 

Номинална каматна стапка: 0,00%;

 

Рок на враќање: 10 месеци;

 

Исплата: на сметка на клиентот во банката;

 

Начин на отплата: Отплата на десет еднакви рати;

 

Провизии и надоместоци:

  • За кредит во износ до 20.000 мкд -999 МКД *СВТ(11,94%);
  • За кредит во износ до 30.000 мкд -1.499 МКД *СВТ(11,94%);
  • За кредит во износ до 60.000 мкд -2.999 МКД *СВТ(11,95%).

Трошок за предвремено враќање: без трошоци за предвремено враќање.

 

Трошок за меница: 100 МКД

 

* Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на *СВТ и висината на номиналната каматна стапка).

 

Испраќањето на барање за кредит е бесплатно и необврзувачко. По одобрување може да се откажеш од кредитот.

 

  • Меница со вредност од МКД 100;
  • Без жирант;
  • Административна забрана на плата од кредитобарателот или гарантот(доколку има);

*Банката го задржува дискреционото право да побара дополнително обезбедување.

 

  • Административна забрана на плата/ЗППОП од кредитобарателот или гарантот(доколку има);
  • Рекапитулар за платени придонеси за последни 2 месеци, за вработени во приватен сектор.

Задолжителни документи за аплицирање кои е потребно да ги испратите по првичното одобрување од кредитниот референт кој ќе Ве ве извести во рок од 30 минути за првичниот одговор на вашата електронска адреса(во периодот од 08:00-18:00 часот, од понеделник до петок) и за натамошните чекори. по Вашето аплицирање. Ве молиме, следете ги инструкциите од Вашиот кредитен референт.

 

Ве молиме документот за лична идентификација(лична карта или пасош) не го прикачувајте со останатата документација.

 

Со цел клиентите да немаат дополнителни трошоци и губење на време е креирана електронската апликација за кредити.

 
По пополнувањето на основните податоци, одговорниот референт има обврска да ве извести во рок од 30 минути за првичниот одговор на вашата електронска адреса (во периодот од 08:00-16:00, од понеделник до петок) и за натамошните чекори.


Исплатата на средствата се врши по одобрување на кредитот и по комплетно доставување на неопходната документација.


За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 558; 3102 528 или e-mail: info@capitalbank.com.mk

 


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510