Capital Bank | Financial Inovation

Препораки и мерки од МБА

15

Мар. / 2020



Капитал Банка АД Скопје и покрај сите превземени превентивни мерки согласно институциите, продолжува да работи и обезбедува квалитетна услуга и достапност на своите продукти за граѓаните и правните лица во новото работно време од 08-14 часот (понеделник-петок) и 09-13 часот (сабота, само експозитура Центар).

Целосното соопштение на Македонската Банкарска Асоцијација го споделуваме подолу:

Македонската банкарска асоцијација и сите нејзини членки редовно ги следат заклучоците, мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за справување со заканата од вирусот COVID 19 (корона вирус).

Уште еднаш би сакале да ја известиме целата јавност дека и во најновите околности, сите наши членки – банките, штедилниците, Македонската Клирингшка куќа и Македонското кредитно биро продолжуваат посветено да работат на одржување на високо ниво на квалитет во испораката на банкарските и другите финансиски услуги за граѓаните и правните лица.

Притоа, ја информираме јавноста дека мрежата на филијали и експозитури на банките и штедилниците останува отворена за граѓаните и правните лица.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510