Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување на референт за платен промет

13

Фев. / 2021



Референт во Сектор за платен промет (1 извршител)

Работни задачи:

  • Отворање на денарски/девизни сметки на физички/правни лица;
  • Комплетирање, проверка и ажурирање на соодветната документација за  денарски/девизни  сметки на физички/правни лица;
  • Изработка на платни инструменти за платен промет со странство - плаќања (пропратено со предходна подготовка во насока на обезбедување на точни инструкции од клиентите, согласно режимската исправност,  соодветната покриеност на с/ва за реализација, договорениот  девизен курс зависно видот и соработката со конкретниот клиент итн.);
  • Изработка на платни инструменти за платен промет со странство – наплати (пропратено со усогласување на режимската исправност, навремено известување на корисниците на наплатата, распоредување на средствата согласно инструкциите од корисниците, купопродажба на девизни средства итн.);
  • Книжење во оперативниот систем на Банката на соодветните Ностро/Лоро трансакции;
  • Проследување и обработка на swift пораки;
  • Секојдневна тесна комуникација со Anti Money Laundring одделението во насока на пријавување и следење на девизните трансакции;
  • Изработка на дневни и месечни извештаи за НБРСМ;
  • Дневно ажурирање на изводите од домашни и странски банки;
  • Наплата на провизии од странски банки;
  • Изготвување на девизни изводи и комплетирање на истите со соодветна документација;
  • Следење и примена на прописи и упатства од делокругот на работењето;
  • Извршување на работни задачи на барање и насоки од повисоките инстанци (пр.прегледи, извештаи, анализи итн);
  • Книжење на хартии од вредност (благајнички записи, обврзници итн.);
  • Книжење на меѓубанкарски трансфери и пласмани на средства (купопродажби, арбитражи, overnight пласмани итн.);
  • Пренос на средства од доспеани камати од депозити и изработка на каматни листи за финансиски институции;
  • Проследување и обработка на swift пораки;
  • Блокади и деблокади на средства од гаранции за кредити;
  • Усогласување на салда и изработка на конфирмации со домашни и странски банки;
  • Останати работни обврски по барање на Раководителот на Секторот и/или Управниот одбор.

 

Кандидатите треба да поседуваат:

  • Факултетска диплома -економски факултет;
  • Познавање на регулативата и промените;
  • Претходно искуство во областа на банкарството;
  • Напредни вештини во MS Office;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Комуникациски вештини, усмени и писмени;
  • Аналитичко расудување и внимание на детали;
  • Вештини на одлучување и решавање проблеми;
  • Проактивен, самоиницијативен, доверлив;
  • Лична одговорност и интегритет;
  • Спремност за учење и професионално усовршување.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 5 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510