Capital Bank | Financial Inovation

Кредитот е ненаменски и може да се користи за рефинансирање на кредит во друга банката.

 

Предности на производот:

  • До 450 000 МКД без гаранти и без солемнизација на нотар
  • До 600 000 МКД без гаранти и без солемнизација на нотар за ризична категорија А минимум 12 месеци на ниво на банкарски систем
  • Можност за аплицирање  во експозитурите на банката
  • Одговор до 30 минути
  • Грејс период 6 месеци по барање на клиентот
  • Можноста за рефинансирање на Вашите долгови
  • Без задолжително префрлување на платата во Капитал Банка

Таргет група

  • Резиденти на РСМ, вработени во редовен работен однос во сегашното правно лице минимум 6 месеци на определено со мин. еден продолжен договор или миниум 3 месеци доколку е на неопределено.
  • Сите резиденти на РСМ кои имаат редовни примања по основ на пензија;
  • Фриленсер (Freelancer)- адвокати, нотари, извршители, консултанти, проценители ИТ експерти кои работат самостoјно.
  • Приватни компании

 

Општи услови за аплицирање

  • Максимална возраст на клиентот од 70 години на денот на достасување на кредитот (за лица во редовен работен однос);
  • Максимална возраст на клиентот до 73 години на денот на достасување на кредитот (за пензионери)
  • Клиентот да биде класифициран во категорија на ризик А во Банката и категории на ризик А и Б на ниво на банкарскиот систем;
  • Историја на редовен кредитокорисник;
  • Полиса за животно осигурување

Административни трошоци: 

 

  • 600 МКД еднократен трошок за аплицирање за потрошувачки кредит
  • 200 МКД административен надомест за користење на податоци од Македонско Кредитно Биро (МКБ)

 

Номинална каматна стапка:

 

1. За приматели и неприматели на плата во Капитал Банка 

*5.96% фиксна за првите 2 години, потоа променлива што во моментов изнесува 8,96%

(НРКС + 7.84 п.п.)

 

Висина на кредит во МКД: до 1.200.000

 

Рок на враќање: Минимум 36 месеци - максимум 95 месеци

 

Провизија за одобрување: 2,00% мин. 750 МКД;

 

Кредитна способност: максимална задолженост 40% од нето-приход

 

Користење на средствата: одобрениот износ се префрла на сметката на кредитокорисникот во Капитал Банка АД Скопје;

 

Отплаќање: месечна отплата со еднакви ануитети;

 

Начин на отплата: Административна забрана на плата, траен налог од сметка од Банката каде што се прима пензијата/платата или автоматско повлекување на средства од сметка за приматели на плата во Капитал Банка*

 

Надомест за предвремена делумна или целосна отплата на кредит: 1% од износот на предвремено отплатениот кредит, само доколку предвремената отплата се случи во време кога каматната стапка е фиксна

*0% провизија за рефинасирање на постоечка изложеност во Капитал Банка со ново одобрени средства (рефинансирање ) во Капитал Банка

 

Поврзани производи: Кредитна картичка МАСТЕРКАРД без чланарина за првата година со потполнета и потпишана апликација од клиентот во износ од две плати.

Дозволено пречекорување на трансакциска сметка за приматели на плата до две плати.

 

СВТ: 9,69% - Пресметката е направена за износ од 1.200.000 МКД, со каматна стапка 5.96% фиксна за прватите две години и 8.96% променлива во преостанатиот период (НРКС + 7,84 п.п.), рок 95 месеци, месечен надомест на остаток на главница за одржување 0.11% и еднократна провизија 2% од износот.

Прифатливо обезбедување по извршена кредитна анализа на Банката:

 

  • До 450.000,00 МКД – без гаранти и без солемнизација на Нотар
  • Од 450.001,00 до 600.000,00 МКД – со еден гарант или солемнизација на Нотар, доколку барателот или гарантот има имот на свое име кој е без товар
  • Над 600.001,00- со двајца гаранти или едниот гарант се менува со солемнизација на Нотар, доколку барателот или гарантот има имот на свое име кој е без товар со можност за доставена полиса за животно осигурување. 

Ризична категорија А минимум 12 месеци на ниво на банкарски систем:                   

  • До 600.000,00* МКД – без гарант и без солемнизација на нотар;
  • Над 600.001,00- со двајца гаранти или едниот гарант се менува со солемнизација на Нотар, доколку барателот или гарантот има имот на свое име кој е без товар со можност за доставена полиса за животно осигурување.

 

*Банката го задржува дискреционото право да побара дополнително обезбедување.

  • Копија од лична карта на кредитобарателот и гарантот;
  • ЗППОП (потврда за редовен работен однос и административна забрана заверени од работодавец или чек од пензија за пензионери;
  • Административна забрана на плата или за правни лица кои не заверуваат забрани на плата задолжителен услов плата во Капитал Банка;
  • Извод од трансакциона сметка од последните 6 месеци заверена и потпишана од Банката издавач за вработени во приватен сектор кои се во ризична категорија А и Б на ниво на банкарски систем;
  • Извод од трансакциона сметка од последните 12 месеци заверена и потпишана од Банката издавач за вработени во приватен сектор кои се во ризична категорија А на ниво на банкарски систем;
  • Дополнително за вработени во мали приватни комании
  • М1/М2 образец
  • ПП 53 Декларации за прием за последни 3 месеци
  • Даночна пријава од УЈП за Фриленсер (Freelancer).

 

*Задолжителни документи за аплицирање кои е потребно да ги испратите по првичното одобрување од кредитниот референт кој ќе Ве  извести во рок од 30 минути за првичниот одговор на вашата електронска адреса (во периодот од 08:00-17:00 часот, од понеделник до петок) и за натамошните чекори по Вашето аплицирање. Ве молиме, следете ги инструкциите од Вашиот кредитен референт.

Ве молиме документот за лична идентификација (лична карта или пасош) не го прикачувајте со останатата документација.

    • Комплетно и уредно пополнети формулари-апликација/барање за кредит;
    • Првичен одговор во рок од 30 минути;
    • Во случај на одобрубвање се склучува Договор за кредит, така што клиентот ја пополнива целокупната преостаната документација.

     

    За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 558; 3102 528 или e-mail: info@capitalbank.com.mk


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510